Со утрешниот натпревар од 18:00 часот помеѓу Италија и Швајцарија ќе стартува нокаут фазата на Европското првенство, а актуелниот европски шампион се соочува со рпболеми.
Лучијано Спалети има главоболки околу составувањето на последната линиај во тимот. Дефанзивецот кој најмногу покажа досега во селекцијата на „Аѕурите“, Калифиори е суспендиран, додека левиот бек Димарко се мачи со повреда. На сето тоа и Бастони поради грип не тренираше.
„Тоа е она што го имаме на располагање. Калифиори нема да може да ни помогне, за Бастони се надевам дека ќе го имаме на располагање, чекаме да видиме што ќе кажат докторите. Димарко има проблем и дефинитивно е аут“, изјави Спалети.
Во тимот на Италија на нивно место треба да ги видими, Манчини од Рома и Камбијасо од Јувентус кој ќе го замени Димарко.