Проблем за Милевски: Македонија ослабена на стартот од Лигата на Нации

by Стефан
1 минути читање

Maкедонската фудбалска репрезентација ќе биде ослабена во двата дуели на стартот од Лигата на Нации.

Селекторот Благоја Милевски нема да може да смета на напаѓачит Александар Трајковски и Милан Ристовски.

Од Фудбалската федерација на Македонија денеска информираа дека станува збор за мускулна повреда.

„Александар Трајковски и Милан Ристовски поради повреда (мускулно истегнување) нема да бидат во комбинација за настап против Фарски Острови и Ерменија. Ќе информираме во врска со евентуален дополнителен повик“, соопштија од ФФМ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани