160
Делуваше дека сè е договорено за трансфер на Кевин Де Брујне во редовите на Ал-Итихад од Саудиска Арабија.
Самиот белгиски фудбалер неодамна зборуваше дека не би имал многу против трансфер на Блискиот Исток, а ниту Манчестер Сити ако добие солидно обештетување за трансфер. Се најавуваа суми од над 50-60 милиони евра за договорот на Белгиецот и наводно сè беше договорено.
Сепак, Фабрицио Романо повикувајќи се на свои блиски извори откри дека Ал-Итихад ги демантирал најавите за трансфер на Де Брујне.
Овој клуб го договори доаѓањето на Муса Диаби од Астон Вила за 60 милиони евра, а засега делува дека не е заинтересиран и за доведување на Кевин Де Брујне.