Фудбалерите како Мартин Зубиаменди од Реал Сосиедад во денешниот модерен фудбал се вистинска реткост, Баскиецот е вистински пример за верност и љубов.
Имено, Зубиаменди не сака да го напушти својот „Сан Себастијан“ и веќе одби понуди од неколку европски гиганти.
Неверојатно звучи тоа што досега по ред ги одбиваше: Барселона, Арсенал, Баерн Минхен и Ливерпул, а ништо нема да се промени и да го побара Манчестер Сити.
Новинарите на прес-конференцијата го запрашаа каков би бил неговиот одговор ако Манчестер Сити испрати понуда.
„Секогаш има гласини, но јас сметам дека најдобро за мене е да останам во Реал Сосиедад. Му должам навистина многу на овој клуб и сакам овде да се развивам и да напредувам“, изјави Зубиаменди.
Треба да се каже и дека веќе не толку млад бидејќи во февруари полни 26 години.