Ламин Јамал го воодушеви фудбалскиот свет со своите настапи во дресот на Барселона и репрезентацијата на Шпанија, па неговиот живот во последната година драстично се промени.
Но, во минатото тој и неговото семејство поминале низ тешки денови, а како се справувале со проблемите најдобро говори приказната како тој го добил името.
Мајката и таткото на Јамал работеле разни работи за да обезбедат минимални услови за живот на своите деца, а на крајот трудот и работата им се исплатеше, па сега не мораат да се грижат за финансиите.
Целосното име на ѕвездата на Барселона е Ламин Јамал Насрауи Ебан, а неговите родители двете додавки му ги дале по луѓето каде што живееле како подстанари во веројатно најтешкиот период.
Тогаш работел само таткото на Јамал бидејќи сопругата била бремена и не можела да работи, па немале пари да ја платат киријата. Сепак сопствениците на станот ги оставиле да живеат, па како благодарност тие го дале името на нивното дете по нив.
Сопственици на станот биле Ламин и Јамал, па кога тој се родил му го дале името Ламин Јамал и го исполниле ветувањето кое го дале.
Денес Ламин и Јамал сигурно се горди што нивните имиња се на грбот на една од најголемите фудбалски ѕвезди во светот.