21
Нејмар се поврзуваше со враќање во Бразил, се шпекулираше за негово одење во Палмеирас, но претседателката на клубот, Лејла е децидна дека тоа нема да се случи.
Бразилецот постојано е повреден, а такви играчи на Палмеирас не му требаат.
„Нејмар нема да дојде до Палмеирас, овој клуб не е медицинска установа“, рече Лејла.
„Јас сакам некој кој ќе дојде да може да игра уште утре ако тоа го сака тренерот. Не прифаќам потпишување со фудбалери кои не се фит“.