Лука Модрид на почетокот на септември наполни 39 години и делуваше дека оваа сезона ќе му биде последна во кремот на европскиот фудбал. Се очекуваше дека Реал Мадрид и Хрватот ќе се разделат следното лето.
Сепак, Модриќ перфектно си ја прифати својата нова улога во клубот, влегува од клупа и во период кој го минува на теренот е доста корисен. Поради тоа во Реал веќе се зборува за продолжување на соработката со ветеранот на уште една година. Актуелниот договор беше исто така едногодишен и истекнува на крајот на сезоната.
Пред истекот се очекува Реал и официјално да му понуди на Модриќ да остане уште една година во Мадрид.
Така Хрватот и кога ќе наполни 40 години би бил дел од Реал, поточно во петтата деценија од животот.