Премногу емоции: Грузиски новинар едвај се задржа на нозе по првиот гол во историјата на ЕП (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Пред три години грузиската репрезентација остана без пласман на Европското првенство поради Македонија, подобри од Грузијците бевме со 1:0 во финалниот бараж кој се играше на нивни терен во Тбилиси.

Сепак, Грузија напредокот во играта го потврди со пласманот на овогодинешното Европско првенство, а вчера се прикажа во одлично светло против фаворизираната Турција, иако загуби со 3:1.

Стрелец на голот за израмнување кој беше прв во историјата на Грузија на европските првенства беше Микаутадѕе. Тој гол донесе голема радост и емоции кај сите во Грузија, а како се чувствуваа најдобар показател е реакцијата на еден новинар кој беше на трибините.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани