182
Фудбалската репрезентација на Шкотска ќе се судри со Германија на отворањето на Европското првенство.
Пред натпреварот на „Алијанц Арената“, Минхен беше окупиран од страна на „Татран Армијата“. Шкотските навивачи во огромни бројки пристигнаа во Германија, а дел од увертирата за натпреварот решија да бидат и некои големи имиња.
Заедно со армијата навивачи на Шкотска беше и премиерот на оваа земја, Џон Свини, кој со дрес и килт го чекаше натпреварот. Исто така, навивачите го пронајдоа и легендарниот тренер на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон.