Денеска на македонските фудбалски терени беа oдиграни натпреварите од 17. коло во ПМФЛ.
Вардар и Тиквеш на Арената „Тодор Проески“ го играа дербито на дното кое на крајот заврши без победник 1:1.
На останатите средби, Работнички лесно славеше во Струмица со 1:3 против Брера, лидерот Шкендија во Охрид ја совлада Воска минимално со 01, Пелистер дома беше подобар од Беса со истиот резултат, а единствениот натпревар без голови го одиграа Гостивар и Силекс.
РЕЗУЛТАТИ 17. КОЛО
Брера Струмица – Работнички 1-3
Гостивар – Силекс 0-0
Пелистер – Беса 1-0
Шкупи – Струга 3-1
Вардар – Тиквеш 1-1
Воска – Шкендија 0-1
ТAБЕЛА: Шкендија 36, Силекс 34, Гостивар 34, Работнички 34, Струга 29, Шкупи 19, Пелистер 19, Брера 19, Беса 13, Вардар 13, Воска 12, Тиквеш 11.