Првпат по шест години, Реал Мадрид ќе пазарува во јануарскиот преоден рок

by riste
1 минути читање

Реал Мадрид одлучил да купува играчи во јануари, а главната причина за тоа е повредата на Карвахал.

Во изминатите години Реал Мадрид не купуваше во јануари, имаше повредени играчи, но одлучно го игнорираше зимскиот преоден рок.

Овојпат тоа ќе се смени, по цели шест години, Реал Мадрид ќе купува во јануари.

Според информациите на шпанските медиуми, Реал е во потрага по десен бек и по централен дефанзивец кој шутира со левата нога.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани