Првпат во историјата Интер Мајами прими шест гола (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

За првпат во својата историја Интер Мајами прими шест гола на еден натпревар. Без Меси во составот Интер беше поразена од Синсинати со 6:1 и така го изедначи поразот со најголема разлика во својата историја.

Јаја Кубо за Сисинанти постигна два гола во 10. и 57. минута, одличен настап имаше и Аргентинецот Лусијано Акоста кој еднаш се запиша во листата на стрелци и двапати асистираше. Стрелци за победничкиот состав беа уште Павел Буча, Јамил Асад и Гералдо Влензуела. Единствениот гол за Интер Мајами го постигна Сергеј Крвицов.

Треба да се спомене и дека Серхио Бускетс беше исклучен во 62 минута. На табелата Интер Мајами е второпалсиран зад Синсинати кој има 48 бода, еден повеќе.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани