Според информациите на најпознатите британски медиуми, Манчестер јунајтед е во завршни преговори за доведување на 17-годишниот Парагваец, Диего Леон.
Иако во претходниот период се најавуваат големи имиња, сепак првото засилување на Аморим би можело да биде изненадување.
Наскоро се очекува и завршување на целата зделка со што овој фудбалер би пристигнал на „Олд Трафорд“ како прво засилување во ерата на португалскиот стратег.
Познато е и колку Манчестер јунајтед ќе плати на неговиот сегашен клуб Серо Портено, станува збор за сума од шест милиони евра.
Станува збор за фудбалер кој важи за еден од најголемите таленти во парагвајското првенство, а исто така неговите услуги ги следеле Манчестер сити и Арсенал, но изгледа дека „црвените ѓаволи“ најбрзо реагирале.
🚨🔴 Manchester United are in active talks with Cerro Porteno for 17 year old left back Diego León as talent for the future.
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) December 11, 2024
Similar to Sekou Koné deal last summer, Man Utd keep looking at talents from abroad and $4m deal is being discussed also with León’s agents. pic.twitter.com/uun9k4Hq9i