209
Бурни реакции во хрватската јавност предизвика натпреварот помеѓу Хрватска и Албанија во кој од трибините се слушаа скандалозни скандирања.
На трибините се скандираше „Уби го Србинот“ и тоа јасно се слушна во ТВ преносот, а на социјалните мрежи се објавени и снимки од тие моменти.
Во таква ситуација првиот човек на хрватскиот фудбал, Маријан Кустиќ вели дека не слушнал ништо.
„Осудуваме било каков повик на омраза. Истрагата е отворена и нека докажат дека е така. Јас не сум видел, ниту сум слушнал навреди од нашите навивачи на кои сакам да им се заблагодарам за поддршката која ја даваат на репрезентацијата“, изјави Кустиќ.