153
Фудбалерот од средниот ред Кристијан Ацковски кој неодамна го напушти Шкупи кариерата ја продолжува во Романија во редовите на Корвиул.
Корвиул е тим кој се натпреварува во втората лига во Романија, а Ацковски пристигнува како засилување на конкуренцијата во средината на тимот.
За Ацковски кој има 26 години ова ќе биде прв интернационален предизвик откако претходно во Македонија покрај Шкупи играше уште за Работнички, Борец и Брегалница.