Пофалби за дебито на младиот Италијанец: Делуваше како да има одиграно 70 натпревари…

by 24 фудбал
1 минути читање

Европскиот првак Италија со победа над Албанците (2-1) тргна на новото Европско првенство. Иако играта на „Аѕурите“ не беше сјајна, тие си ја завршија работата во првиот дел и потоа одиграа на рутина. 

Еден од најзапазените играчи на теренот беше младиот Рикардо Калафиори. 22-годишниот стопер го одигра првиот официјален натпревар за Италија, откако своето неофицијално деби го имаше на тестовите пред првенството. 

Поради неговата смиреност, конституција, изглед и фризура, Калафиори веднаш потсети на некои славни италијански стопери како Малдини, Неста, Канаваро… Пофалби пристигнаа од сите страни, а интересни беа коментарите на Фабио Канаваро и Фабио Капело.

„Калафиори никогаш не беше исплашен во текот на мечот. Делува како зад себе да има веќе 70 натпревари за репрезентацијата на Италија“, прокоментира Дел Пиеро. 

„Искрено, не мислев дека некој на своето деби може да одигра вака. Тој покажа многу карактер и ниту трошка страв“, вели славниот Капело.

Италијанците ги очекуваат вистинските предизвици бидејќи ќе играат против Шпанија и Хрватска до крајот на групите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани