Поранешен фудбалер на Марсеј и Хетафе почина на 35 години од срцев удар!

by 24 фудбал
1 минути читање

Мароканскиот фудбалер Абделазиз Барада почина на 35 години, а причината е веројатно срцев удар.

35-годишникот во својата фудбалска кариера имаше настапи за Олимпик Марсеј и Хетафе, а како младинец беше дел и од ПСЖ. Мароканецот е роден во Франција, таму мина најголем дел од животот и таму почина.

Последниот клупски ангажман за Барада беше во 2021 година во францускиот тим Луситанос. Поради срцеви проблеми мораше порано од планираното да стави крај на кариерата, а сега веројатно од истите проблеми почина.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани