Поранешен фудбалер на Барса може да стане газда на клуб и да го предводи нападот!

by bojan
2 минути читање
Брајтвајт

Поранешниот фудбалер на Барселона, Мартин Брајтвајт се најде во фокус на шпанската јавноста откако на една од последните прес конференции доби интересно прашање, дали размислува да го купи Еспањол.

Мартин Брајтвајт на големо изненадување во 2020 доби шанса да го облече дресот на Барселона кога „каталонците“ пореди повредите на Осман Дембеле и Луис Суарез искористија специјално правило на Ла Лига и надвор од преодниот рок го купија Данецот за 18 милиони евра.

Но неговата авантура на „Камп Ноу“ кратко траеше, во 2022 му беше раскинат договорот, и тој се пресели во локалниот ривал Еспањол.

Напаѓачот сега повторно се најде во фокусот на јавноста, но не поради одличната форма и 20 постигнати голови во втората лига на Шпанија.

Имено, на една од последните прес конференции, новинар го праша Мартин Брајтвајт дали размислува да го купи Еспањол, клубот во кој игра.

„Ова не е време за вакви работи. Прво треба да се избориме за влез во Ла Лига, па потоа ќе видиме што ќе се случи со клубот“ – порача Мартин Брајтвајт.

Многумина ова го протолкуваа како сигнал дека Мартин Брајтвајт е подготвен да инвестира во Еспањол, клуб кој се мачи со финансиите.

Имаено, Мартин Брајтвајт има богатство од неколку стотици милиони евра откако изгради успешна империја со недвижности во САД, па има пари за една ваква зделка.

Во минатото имало ситуации на тренер/играч, но Мартин Брајтвајт веројатно ќе биде првиот сопственик/играч, ем да биде газда на клубот, ем да го предводи нападот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани