Поранешен играч на Интер и Порто пред три години ги претепа родителите, а сега призна: Алкохоличар сум…

by 24 фудбал
1 минути читање
Гуарин

Поранешниот репрезентативец на Колумбија, Фреди Гуарин призна дека е зависен од алкохолот.

37-годишникот во еден разговор реши да си ја отвори душата и да разговара за своите проблеми. Човекот кој со Порто ја освои Лигата на Европа, а играше за Интер, Сент Етјен, Бока, Шангај Шехнуа, сега има сериозна зависност.

Јас сум алкохоличар. Го препознавам тоа, зависник сум кој се опоравува. Дојдов во момент во кој повеќе не можев да продолжам со таков начин на живот и морав да побарам помош. Повеќе од 20 години му посветив на фудбалот, тоа го правев добро. Не се подготвував за други работи во животот. Останав беспомошен и донесов лоши одлуки“, призна Гуарин.

Инаку, пред три години Колумбиецот беше уапсен поради тоа што ги претепа своите родители и дел од семејството.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани