Покрива барем четири позиции и блеска во Лајпциг, Шпанците сметаат дека е идеален за Барса

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалскиот клуб Барселона налето ќе бара неколку засилувања, а веројатно најважно е решение за позицијата дефанзивен играч за врска. Покрај тоа, потребно е и квалитено крило кое ќе може да ја носи играта, па Шпанците веќе шпекулираат.

Станува збор за Дани Олмо, одличниот фудбалер на РБ Лајпциг кој може да покрие повеќе позиции во нападот. Примарната позиција на овој фудбалер му е лево крило, меѓутоа има играно и на десната страна, знае да се снајде на средината од теренот, а дури по потреба може да одговори и на задачите како напаѓач. Поради тоа медиумите од Шпанија го гледаат Олмо како идеално засилување за Барселона.

Олмо е член на РБ Лајпциг од 2020 година, кога направи трансфер од Динамо Загреб. Инаку, пред да пристигне во клубот од Хрватска, Шпанецот мина седум години во младинските категории на Барселона, а тоа клубот сака да го искористи како сентиментална предност за потенцијален трансфер.

За услугите на одличниот офанзивец постои интерес од повеќе клубови, се споменуваат барем два прволигаши, а тука е и Баерн кои се подготвени да платат повеќе од 60 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани