169
Францускиот дефанзивец, Лени Јоро неодамна пристигна во Манчестер Јунајтед кој за него плати сума од 50 милиони евра, меѓутоа набрзо се повреди.
Повредата Јоро ја заработи во пријателскиот натпревар против Арсенал, а денеска му беше извршена операција.
По операцијата потврдено беше дека Јоро ќе паузира три месеци.
„Лени започна со рехабилитацијата и очекуваме да биде подготвен за три месеци“ објавија „црвените ѓаволи“.