178
Се уште се чека да биде комплетиран трансферот на Војчех Шчесни во редовите на Барселона, а според информациите на Фабрицио Романо полскиот голман утре ќе допатува во Барселона.
Прегледите на Шчесни се веќе закажани и тие голманот треба да ги помине во текот на утрешниот ден. Исто така Ла
Лига потврдила дека финансиската ситуација на Барселона дозволува Шчесни да биде ангажиран, па веќе нема препреки.
Шчесни во Барселона пристигнува како слободен играч и се враќа на терените откако претходно најави пензија по заминувањето од Јувентус.
Своите услови полскиот чувар на мрежата ги договори уште претходно.