153
Викендов се играат натпреварите од третото коло на Првата македонска фудбалска лига. Во пресрет на дуелите, Натпреварувачката комисија при ФФМ ги одреди судиите.
Главниот натпревар викендов ќе биде градското дерби меѓу Шкупи и Вардар на „Чаир“, а за него е делегиран нашиот најдобар судија – Александар Ставрев.
- Судии за натпреварите од третото коло на ПМФЛ:
Беса – Тиквеш (Игор Стојчевски)
Пелистер – Силекс (Крумислав Ѓорѓиев)
Воска Спорт – Гостивар (Димитар Пилешков)
Работничли – Струга (Стојанче Трпчевски)
Шкупи – Вардар (Александар Ставрев)
Брера Струмица – Шкендија (Александар Грујоски)
Пет меча се на програмата од 16:00 часот в недела, додека последниот се игра во Струмица меѓу Брера и Шкендија во вечерен термин во 20:00.