101
Во среда ќе се одиграат натпреварите од осминафиналето на Купот на Македонија.
ФФМ веќе ги објави официјалните лица за сите осум средби кои се играат. Во изборот се најде и најдобрата македонска судијка Ивана Пројковска, која е делегирана за дуелот на Арсими и Воска Спорт.
Судии за осминафиналето на Купот:
Арсими – Воска Спорт (Ивана Пројковска)
Вардар – Тиквеш (Димитар Пилешков)
Брера – Беса (Александар Ставрев)
Гостивар – Брегалница (Фуркан Идризи)
Пелистер – Детонит Плачковица (Александар Урошевиќ)
Шкендија – Шкендија Арачиново (Благојче Ралевски)
Струга Трим Љум – Македонија ЃП (Марјан Стојановски)
Силекс – Шкупи (Стојанче Трпчевски)
Куп натпреварите во среда се играт во терминот од 14:00.