Како што пренесуваат медиумите во Хрватска, во Сплит се одржал состанок помеѓу претседателот Иван Билиќ и тренерот Џенаро Гатузо.
Информациите од медиумите се дека разговорот траел час и половина, а во него покрај актуелните теми се разговарало за иднината на Гатузо.
Гатузо претходно јавно даде поддршка на Никола Калиниќ кој неодамна си замина од позицијата спортски директор во Хајдук, а потоа зборуваше за се што се случува во клубот критикувајќи го претседателот Билиќ.
Поради тоа се пишуваше дека Гатузо може да биде следниот кој ќе добие отказ, сепак на крајот двете страни се договориле да продолжат со соработката и во продолжение од сезоната.
Хајдук по победата во дербито со Динамо Загреб има 14 бода и го дели првото место Ријека, Динамо е третопласиран со бод помалку.