187
Португалецот Фабио Карвалјо го напушти Ливерпул и денеска го комплетираше трансферот во редовите на Брентфорд.
Во Ливерпул, Карвалјо пристигна во 2022 година, но под водство на Јирген Клоп не доби преголема минутажа, па беше испратен на позајмица прво во Лајпциг, па потоа во Хал. Брентфорд за него плати 22.5 милиони евра и уште пет може да бидат исплатени преку бонуси.
Карвалјо настапи за Ливерпул на пријателските натпревари во САД и беше стрелец против Арсенал и Манчестер Јунајтед, но сепак Арне Слот одлучи да не смета на него за новата сезона.
Со Брентфорд 21-годишниот Португалец стави договор на пет години.