Фудбалерите на Португалија вчера со 2:1 ја победија Чешка во првото коло на Европското првенство, а пред победничкиот гол видовме и една спорна ситуација.
Чесите поведоа во 62. минута со голот на Лукас Провод, а седум минути подоцна Робин Хранач си постигна автогол за 1:1. Франсиско Консесиао во 92. минута погоди за пресврт и три бода на Португалија.
Но, Чесите сметаат дека се оштетени во акцијата која му претходеше на тој гол. Напаѓаше Чешка по левата страна, Антонин Барак се обиде да го проигра Давид Доудер кој беше соберен од Нелсон Семедо.
Доудер падна на земја, а топката излезе во гол-аут. Судијата, Марко Гвида не досуди фаул и побара од Доудер да стане и играта да продолжи. Веќе во следниот напад Португалија го постигна голот за големо славје.
A clear foul and yellow card to Semedo pic.twitter.com/qkUyadsGwc
— Sir G (@GMudiee) June 18, 2024