Победата на Хајдук над Динамо ја слават дури и Црвена Звезда и Олимпијакос!

by 24 фудбал
2 минути читање

Хајдук во рамките на 15. коло на ХНЛ го совлада Динамо Загреб со 1-0 и му побегна на седум бода на челната позиција во првенството.

Победата освен во Сплит и меѓу навивачите на најпопуларниот хрватски клуб се слави и во Србија и Грција. Имено, причината е едноставна – пласман во Лигата на шампионите. Познато е дека се води битка за место во елитното натпреварување меѓу прваците на земјите од „вториот ранг“ на фудбалот во Европа.

Во моментов водечки според европскиот континент на оваа табела се Ренџерс, Динамо Загреб, Шахтјор, Салцбург… четири екипи кои не се првопласирани во своите првенства. Ренџерс во домашното првенство заостанува огромни 11 бода и големи се шансите да остане без титулата, а судејќи според сегашниот пласман во Хрватска и Динамо е далеку од одбрана на тронот.

Тоа би значело дека ако водечките извисат, шанса ќе добие еден од тимовите кои котираат подолу на табелата според европскиот коефициент. Во моментов водечки е Олимпијакос пред Црвена Звезда и Копенхаген.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани