Oд редовите на прилепска победа потврдија дека Стојанче Дунимаглоски останува главен тренер и во продолжение од сезоната.
Дунимаглоски пристигна на местото на по оставката на Јане Николовски и откако претходно беше најавено дека ќе биде само привремено решение, сега клубот одлучи да го задржи.
„Победа објавува дека назначи нов шеф на стручниот штаб, кој со своето знаење и искуство ќе го води нашиот тим кон нови успеси. Со овој потег, управата ја покажува својата посветеност на создавање на силен и конкурентен тим, спремен за предизвиците кои претстојат. Новиот шеф на стручен штаб, Стојанче Дунимаглоски, е млад и амбициозен тренер со визија и јасна цел – да го извлече максималниот потенцијал од младата и талентирана екипа на ФК Победа“, соопшти Победа.
На табелата во Втората лига Победа е на 14. позиција со само четири освоени бода.