По победата против Полска (2:1) во претходниот натпревар, денеска македонската фудбалска репрезентација до 21 година претрпе пораз од Босна и Херцеговина со 2:0.
Македонија не одигра на нивото од претходниот натпревар, па така Босна дојде до победата со иститот резултат со кој ние ја победивме Полска (2:1). Резултатот беше отворен по само десет минути игра, а вториот гол дојде на 20-тина минути пред крајот на средбата. Голот за утеха македонските фудбалери го постигнаа во втората минута од судиското продолжение.
Во претходните натпревари помеѓу Македонија и Босна во оваа возрасна категорија имавме две победи и еден пораз, па сега вкупниот скор е израмнет.
Oвие два натпревари избраниците на Драган Канатларовски ги одиграа како дел од подготовките за натпреварите во септември и октомври кога треба да го комплетираме циклусот квалификациит за Европското првенство 2025 и ќе одиграме уште четири натпревари.