Eдна од главните теми на медиумите во регионот во овој период е ситуацијата на Иван Перишиќ во Хајдук.
Џенаро Гатузо го отстрани Перишиќ од првиот тим, а по вчерашниот натпревар против Локомотива на новинарите им откри дека прославниот хрватски репрезентативец пред 20-тина побарал трансфер.
По таквата објава на Гатузо голем број навивачи преку социјалните мрежи испраќаа жестоки навреди до Перишиќ.
Крај на таквите навреди сега се обиде да стави Хајдук со соопштение во кое ги повика навивачите да престанат со таквите пораки и коментари кон Перишиќ.
„Иван не заслужи таков третман, ниту било какви навреди и истите безусловно ги осудуваме. Во оваа прилика сакаме јасно да порачаме дека сите недоразбирања ќе ги решаваме преку интерен пат. На нас како клуб е да учествуваме и да ги заштитиме клупските интереси и сите вредности кои ги негуваме“, стои во соопштението.