Денеска беше одиграно последното 46. коло во Чемпионшип, а најважната вест од сите натпревари е враќањето на Ипсвич во Премиер лигата по цели 22 години.
Лестер од претходно го обезбеди своето враќање во елитата, па така денеска во натпреварот без резултатско значење денес беа поразени од Блекбурн со 0:2.
Од друга страна Ипсвич во последното коло го победи Хадерсфилд на домашен терен и така ја обезбеди вторатап позиција која значи враќање во елитата.
Минатата сезона Ипсвич играше во Лига 1, третиот ранг натпреварување во Англија, а сега оствари голем успех со директниот пласман во елитата. Пред скоро од 30.000 со головите на Вес Бурнс и Омари Хачисон Ипсвич ја забележа победата вредна пласман во Премиер лигата.
За третото место кое води во плеј-офот ќе се борат Лидс, Саутемптон, Вест Бромович и Норвич. Од Чемпионшип испаѓаат: Ротерам, Хадерсфилд и Бирмингем.