300
По цели 13 години тимот на Сент Паули се врати во Бундеслигата откако денеска со 3:1 славеше победа против Оснабурк така се придружи на Кил Холстејн кој исто така го потври пласманот во елитата.
Последен пат Сент Паули во најсилната германска лига играше во 2011 година. Во денешниот натпревар стигнаа до водство уште во седмата минута преку Афолајн, а истиот играч по еден час игра и вторпат погоди. За 3:0 во 68. минута се погрижи Хартел, додека конечните 3:1 во 91. минута ги постави Кехл.
Веднаш по последниот судиски свиреж на теренот влетаа навивачите на Сент Паули. Славјето за враќањето во друштвото на најдобрите наредната сезона сигурно ќе продолжи и во вечерните часови.