Милан против Каљари победи во тежок момент и сезоната ќе ја заврши како второпласирана екипа со што го обезбеди пласманот во Суперкупот на Италија.
Тренерот Стефано Пиоли по натпреварот изјави дека екипата успеала да се извлече од тежок период.
„Елиминациата во Лига Европа и поразот во дербито дојдоа во деликатен момент и играчите патеа во тие моменти. Силно сакавме да победиме во овој натпревар бидејќи беше важно и моите момци реагираа на вистински начин“. изјави Пиоли.
Некои стандардни фудбалери како Окафор и Леао не го стартуваа натпреварот.
„Вие новинарите како и фудбалерите работите ги сфаќате лчно. Не е така, морав нешто да менувам, долга е сезоната и тешка, некои се чувствуваат добро, некои помалку добро“.
Новинарите ги интересираше и неговата иднина.
„Ако ме прашувате дали наскоро ќе го одработам последениот натпревар во Милан, не знам. Имаме уште два натпревари до крајот, сезоната не е завршена и се уште не сум разговарал со клубот“, изјави Пиоли.
Од друга страна, медиумите во Италија се почесто пишуваат дека Пиоли ќе замине, а како фаворит за негов наследник се наведува Серџо Консесисао.