Пикси: Некогаш ме чуди како играчите не се степале

by Стефан
1 минути читање

Селекторот на фудбалската репрезентација на Србија, Драган Стојковиќ – Пикси денеска зборуваше на конференцијата за медиуми, а тема секако беше утрешниот одлучувачки натпревар за Србија на првенството во кое ќе играат против Данска.

Србија мора да ја победи Данска ако сака да продолжи во осминафиналето. Данците одиграа одлично против Англија, па така сигурно нема да им биде лесно.

„Знаеме декса Англија и Словенија беа важни, но сега Данска е најважна. Со нетрпение го чекам почетокот бидејќи 21:00 часот е најдобро време за фудбал. Не чека одлична репрезентација со квалитетни поединци, можеби не победија, но и не изгубија во првите два натпревари и тоа ни сугерира дека се одличен тим спремен да се жртвува.

Веруваме дека можеме да ја промениме историјата бидејќи како играч и како селектор само трипати сум изгубил од Данска. Ќе се обидеме да најдеме начин топката да ја сместиме во мрежата“, изјави Пикси пред натпреварот со Данска во групата „Ц“ од третото коло.

Се пишуваа за проблеми во српската репрезентација, но Пикси тврди дека нема такво нешто

„Од 28. мај сме заедно и за тоа време однесувањето на момците е бепрекорно. Понекогаш и ме чуди што играчите не се степале, бидејќи тоа може да се случи кога се толку време заедно. Немам забелшки на однесувањето на теренот, надвор од него и во хотелот…можеби некој сака нешто да расипе, но не се даваме“, изјави Стојковиќ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани