Пикси: Дали доживеавме дебакл на ЕП? Не е дебакл, тоа е кога ќе се пијанчиш по улиците на Аугсбург и Минхен…

by 24 фудбал
1 минути читање

Српскиот селектор Драган Стојковиќ – Пикси е во центарот на вниманието, бидејќи Србите во него ја најдоа вината за лошите резултати на Европското првенство и последното место во групата.

По враќањето на репрезентативниот камп во Србија, Пикси даде кратка изјава. Новинарите го прашаа што мисли за дебаклот на првенството во Германија, а тој даде интересен одговор.

„Дебакл? Дебакл е кога ќе загубиш со 7-0. Дебакл е кога ти се пијанчиш во Аугсбург и Минхен, кога се тепаш на тренинзи… Во тие работи треба да гледаме каде гори. Никој од нас не го правеше тоа. Јас сум горд на момците за однесувањето“, изјави Пикси.

Нејасно е на што алудираше селекторот на Србија во оваа изјава, меѓутоа дополнително ги „распали“ навивачите и јавноста.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани