399
Голманот на Паритзан, Александар Јовановиќ се огласи откако селекторот Драган Стојковиќ-Пикси не го смести на конечниот список фудбалери за настап на Европското првенство.
Јовановиќ беше на поширокиот список од 35 фудбалери, но за негова жалост се најде и помеѓу девтмината отпаднати и нема да игра во Германија.
Истото му се случи и во 2018 година кога отпадна од списокот патници за Мундијалот во Русија.
Поради таквата ситуација тој се огласи на социјалните мрежи.
„Пред Светското првенство 2018, пошриок список – отпишан, 2024 , поширок список – отпишан“, порача Јовановиќ.
Пред Јовановиќ шанса добија Предраг Рајковиќ, Вања Милинковиќ-Савиќ и Ѓорѓе Петровиќ.