Поранешниот капитен на Барселона, Жерар Пике даде изјава која ги зачуди многумина и собра негативни реакции од обичните луѓе.
Пике вели дека не е лесно да се биде фудбалер бидејќи имаат тренинзи, учат тактики…
„Луѓето мислат дека е лесно да се биде фудбалер, но понекогаш едноставно не е така. Размислете, будење сабајле во 9-10 часот, облекување шорцеви и тренирање, па учење тактика и стратегија. Тоа е мака! Не сакате да играте фудбал повеќе откако сте одиграле 20 години“, вели Пике.
Поранешниот дефанзивец како да не е свесен дека играчите од негов ранг неделната плата која ќе ја добијат, обичен работник не може да ја заработи со години. Обичните работници стануваат и многу порано од 9 часот, работат секој ден со часови напорно и тоа трае до пензија.
Дефанзивецот заборавил дека е привилигиран што бил врвен фудбалер.