Екипата на Барселона го доби дербито со Реал Мадрид со убедливи 0-4 на „Сантијаго Бернабеу“.
Во само неколку денови избраниците на Ханси Флик забележаа две големи победи против Баерн Минхен (4-1) и Реал Мадрид (0-4). Двапати постигнуваа по четири гола, а токму тоа го коментираше резервниот голман Ињаки Пења.
„Дојдовме овде по Баерн, знаевме дека оваа недела ќе биде клучна за она што нè очекува во преостанатиот дел од сезоната и постигнавме два брутални резултати. Имаме шест бода предност, но има уште многу натпревари до крајот на сезоната. Најважно е што покажавме дека се променивме психички и дека можеме да го победиме секој противник. Високата одбрана беше едно од барањата на тренерот. Тој бара никогаш да не ја спуштаме линијата ниско, особено против тимови кои имаат моќни и брзи играчи во нападот. Опасно е да се игра вака, но тимската работа најдобро се виде преку бројот на офсајди во кои беа фатени играчите на Реал“, рече Пења.
Барселона сега има шест бода предност на челната позиција во Ла Лига во однос на ривалот Реал.