24
Поранешниот француски репрезентативец и фудбалер на Арсенал, Емануел Пети вели дека врз Килијан Мбапе е фрлена магија.
Мбапе се мачи да ја пронајде формата, а се погласни се критиките кои стигнуваат до него. Во негова чудна одбрана се јави Пети.
„Ако сакате може да верувате, ако не сакате – не мора. Јас верувам дека некој му фрлил магија на Мбапе. Можеби тоа е Погба“, кажа Пети.
Пети со овој коментар потсети на судскиот спор меѓу браќата Пол и Матиас Погба. Поранешниот напаѓач на Спарта Ротердам беше обвинет дека му платил волшебник да му фрли магија на Мбапе.