717
„Газета дело Спорт“ именува пет фудбалер кои очекува да го напуштат Интер во летниот преоден рок.
Интер оваа сезона го прослави јубилејното 20. Скудето, но целиот состав нема да биде задржат, има фудбалери кои се очекува да заминат од клубот.
Според италијанските медиуми, пет играчи сигурно си одат, тоа се: Алексис Санчез, Хуан Квадрадо, Стефано Сенси, Дави Класен и Емил Аудеро.
Санчез, Квадрадо, Класен и Сенси имаат договори до јуни оваа година, а клубот нема да им понуди нови.
Аудеро се надева дека ќе остане во Интер, но клубот не ја активирал опцијата да го откупи од Сампдорија. Нероазурите преферираат да го потпишат бразилскиот голман Бенто, но доколку не успеат во таа намера, би можеле да го задрат Аудеро.