Цела недела по големото англиско дерби меѓу Манчестер Сити и Арсенал (2-2), не запираат препирките на играчите и тренерите.
Микел Артета по дербито кажа дека тој четири години минал во Сити и знае доста работи, има информации за ситуацијата. Тоа го налути Пеп Гвардиола, кој реши да му одговори на својот поранешен асистент.
„Следниот пат кога ќе се видиме, мора да ми објасни што сакаше да каже. Тврди дека бил во Сити четири години и знае што се случувало. Таа изјава може да се поврзе и со актуелните обвиненија кон клубот. Можеби знае нешто за тоа. Во добри односи сме, па јас ќе побарам прецизен одговор. Самиот Габриел кажа по натпреварот дека тоа е војна и мора да нè испровоцираат. Сакате војна? Епа ќе ја добиете“, изјави Гвардиола.
Манчестер Сити минатата сезона во тесна битка ја освои Премиер лигата, а според стартот и оваа кампања ќе биде исклучително интересна.