Пелистер тргна во подготовки за ПМФЛ, закажани шест тест дуели

by 24 фудбал
2 минути читање

Фудбалскиот клуб Пелистер тргна во подготовките за новата сезона во која пак ќе се натпреваруваат во ПМФЛ. На првата прозивка на стадионот „Петар Милошевски“ тренерот Влатко Костов имаше голем дел од фудбалерите на кои ќе смета.

На собирот среќа на фудбалерите им посака претседателот на клубот Митко Стојковски, кој се обрати и на јавноста.

„Треба да се прилагодиме согласно на новиот предизвик кој е пред нас, и да го стабилизираме и адаптираме клубот според новите прволигашки услови. Организационо и финансисиски да се стабилизираме и подигнеме на повисоко ниво и да се држиме и фокусираме кон зацртаните цели. Најважно од се, да бидеме приземни, иако ФК Пелистер е големо име во македонскиот фудбал, знаеме колку ни е силата, со што располагаме, колку ни се можностите и кои ни се конкурентите. Започнуваме од нула и со еден нов почеток во кој ќе имаме уште неколку нови засилувања, и почеток во кој ќе се потрудиме сите колективно да направиме добри резултати со кои клубот ќе биде на коректна и респектабилна позиција на табелата, а доколку ни се укаже прилика за поголеми амбиции секако дека тоа ќе биде искористено и реализирано“, изјави Стојковски.

Покрај првиот човек на клубот, се обрати и шефот на стручниот штаб, Влатко Костов.

Со некои од играчите не се договоривме, некои не ги прифатија условите на Пелистер, па се разделивме. На стартот на подготовките веќе имаме три нови играчи, кои се надевам дека ќе бидат надоградени со четири до пет играчи, со кои сакаме да направиме ростер рамноправно да се носи со прволигашките. Што се однесува до подготовките, од среда ќе почнеме да работиме по двапати, а понатаму ќе следат пријателски натпревари, од 14 јули до 3 август против Новаци, Силекс, Гостивар, Воска, Работнички и Влазрими. Се надевам дека Пелистер ќе биде еден стабилен прволигаш и ако ни се даде шанса ќе бараме повеќе. Во оваа прилика би сакал да се заблагодарам до сите кои учествуваа лани до местото кое водеше во Прва лига, благодарение и до раководството за се што прави за клубот. Сите заедно се надеваме на еден респектабилен тим кои со сите ќе се носи рамноправно“.

Пелистер промовира неколку засилувања за новата сезона, а најавени се уште пет-шест нови имиња. Исто така клубот има договорено шест пријателски натпревари против екипи од ПМФЛ и ВМФЛ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани