238
Поранешниот македонски репрезентативец се враќа во македонскиот фудбал и тоа во неговиот Пелистер.
Битолскиот клуб попладнево преку социјалните мрежи го потврди трансферот на 34-годишниот напаѓач кој по интернационалната кариера се враќа во македонскиот фудбал.
Ивановски го носеше дресот на повеќе екипи низ Европа како: Настапуваше за: Славија Прага, Арка Гдиња, Видеотон, Болуспор, Славен Белупо, Хајдук, Диосѓер…додека дресот на македонската репрезентација го облече 27 пати, претходно ги помина и сите младински категории.