Педри се огласи по повредата, испрати и порака до Тони Крос

by 24 фудбал
1 минути читање

Репрезентацијата на Шпанија ќе се судри со Франција во полуфиналето на Европското првенство во вторник.

На овој меч освен суспендираните Карвахал и Ле Норманд, селекторот Луис де ла Фуенте нема да смета ниту на младиот Педри кој се повреди. По еден дуел со легендата Тони Крос чија кариера заврши по мечот на Шпанија и Германија, Педри доби удар и се повреди, а добил порака за поддршка од германската икона.

Дојдов во Германија поради Еврпското првенство, ќе останам тука до крајот. Сонот продолжува, не се сомневајте во тоа. Оваа седмица е време да се придонесе на ова големо семејство на поинаков начин од планираното. Вашата поддршка е неверојатна. Најтешкиот момент помина и враќањето наскоро ќе започне за да бидеме на врвот со Барселона.

Тони, ти благодарам на твојата порака. Тоа е фудбалот и се случува. Твојата кариера и твојата трага ќе останат запаметени засекогаш“, напиша Педри.

Шпанците покажаа најмногу на Европското првенство и иако имаат млад тим, стигнаа до улогата фаворит за освојување на трофејот. Сепак, прво мора да ја добијат искусната Франција која знае да игра турнирски систем.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани