Парма го „сопна“ Јувентус во калчото! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
2 минути читање

Фудбалерите на Јувентус и Парма одиграа нерешени 2-2 (1-2) во натпреварот од десеттото коло на Серија А.

Двапати гостинската екипа во Торино имаше предност, а на крајот се спаси и извлече бод против апсолутниот фаворит на мечот.

По само три минути игра Дел Прато донесе предност за Парма. Јувентус работеше на израмнување до 31. кога Вестон Мекени погоди за 1-1. Сепак, до полувремето Симон Сохм повторно ги донесе гостите во позитива.

Јувентус се наметна потоа и преку Тимоти Веа рано на стартот на вториот дел израмни. Потоа цело полувреме „старата дама“ притискаше, а во финишот Дел Прато спасуваше и од гол линија. Вреди да се напомене и огромното промашување на Душан Влаховиќ во првиот дел.

Во овој термин победа извојува и Аталанта против Монца (2-0). Долго време гостите во Бергамо одолеваа на нападите, а потоа Лазар Самарџиќ и Давиде Запакоста донесоа триумф за Аталанта.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани