Фудбалерот од средниот ред на Рома, Леандро Паредес вели дека желба му е во еден момент од кариерата да се врати во Аргентина и со него во Бока Јуниорс да го донесе Пауло Дибала.
Паредес потекнува од школата на Бока Јуниорс, осум години помина во младинскиот погон на овој клуб, а потоа од 2010 до 2014 играше за сениорскиот тим пред да замине во Европа.
Тој сака да ја заврши кариерата во Бока, но со себе да го земе и Дибала.
„Сакам да го земам Дибала со мене во Бока. Го сакам него таму со мене“, вели Паредес.
„Го гледавме заедно финалето од Копа Либертадорес во мојот дом. Ќерка ми плачеше многу (Бока со 2-1 загуби од Флуминенсе во продолженијата) и потоа јас реков: „Порано или подоцна тоа ќе се случи, татко ќе се врати…, а потоа и чичко Пауло ќе дојде со нас…“, Пауло тогаш се смееше, но ќе видите, ќе се обидам тоа да се случи“.