Панчев: Во Интер отидов да бидам стартер, а не да се докажувам – ме бараа Кројф и Фергусон!

by Стефан
1 минути читање

Maкедонската фудбалска легенда, Дарко Панчев даде интервју за српскиот медиум „Политика“ во кое зборуваше за повеќе теми, а една од нив беше и трансферот во Интер.

Панчев во 1991 година од Звезда премина во италијанскиот тим каде што не се прослави. Овој трансфер, Панчев го оцени како грешка, бидејќи можел да оди и во тимови како: Барселона, Манчестер Јунајтед, Милан…

„Нема ништо спорно. Погрешив со трансферот во Интер. Интер тогаш немаше квалитетен тим, немаше хемија и добра атмосфера во соблекувалната, многу работи не беа како што треба. Играа и премногу дефанзивно што за нас напаѓачите беше проблем. Во Милано јас дојдов како зрел фудбалер и очекував да бидам стартер, а не да се докажувам. Бев еден од најбараните центарфори, но за жал ги нарушив односите со стручниот штаб и седев на клупа“.

„Имав понуди од Барселоан и Манчестер Јунајтед, ме бараа Јохан Кројф и Алекс Фергусон, но избрав друг пат. Имав и пред-договор со Милан, а силно заинтересиран беше и Реал Мадрид. На крајот моја е одговорноста што ја избрав најлошата варијанта“, изјави Панчев.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани