Факундо Пелистри од Манчестер Јунајтед се пресели во редовите на грчки Панатинаикос.
22-годишниот фудбалер немаше простор за игра и развој во редовите на „црвените ѓаволи“, па сега се реши за нов предизвик во Грција. За услугите на Пелистри клубот од нашето соседство ќе плати шест милиони евра, плус уште два милиони низ бонуси.