Павловиќ „удри“ по својот репрезентативен и клупски соиграч: Требаше да даде гол, надвор од форма е…

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалската репрезентација на Србија направи одличен резултат на стартот на Лигата на нациите и покрај сите откажувања и проблеми ремизира со европскиот првак Шпанија во Белград (0-0).

На овој меч Србите имаат за што да жалат, бидејќи во првиот дел неверојатна зицер шанса имаше Лука Јовиќ. По натпреварот за таа ситуација зборуваше неговиот клупски и репрезентативен соиграч, Страхиња Павловиќ, кој кажа:

Требаше да даде гол. Малку е надвор од форма. Треба да го разбереме, долго не играл како стартер. Сега шутот не влезе, меѓутоа Јовиќ поседува неверојатен квалитет.

Шпанците се европски прваци. Имаат неверојати играчи, но таков е фудбалот. Против секој противник може да се игра ако имате вистински пристап“.

Соиграчите од Милан беа стартери во тимот на Пикси и имаа солидна минутажа против Шпанците.

Промашувањето на Лука Јовиќ на ОВОЈ линк.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани